Според новата теорија за убиството на српската пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, таа не била убиена на местото каде што е најдена, туку таму била фрлена по убиството.
Дел од вклучените во истрагата посочуваат дека е невозможно да нема ниту една трага, особено ако се знае дека таа исчезнала во минатата сабота кога заминала на трчање, а телото е пронајдено следниот ден. Обдукцијата покажува дека е удрена најмалку 30 пати по главата.
Во вторник би требало да бидат готови резултатите од анализата на ДНК од материјалите најдени под ноктите на убиената.
Тогаш ќе се покаже дали генетскиот материјал одговара на сопругот или на некое друго лице.
Во исто време ќе измине и 48-часовниот притвот за нејзиниот сопруг Зоран, кој од недела е во полиција, иако мина на проверката на полиграф. Семејството на неговата покојна сопруга засега одбива да комуницира со него.
Нада Топчагиќ, блиска пријателка на Јелена, тврди дека убиената жена добивала заканувачки пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија


