| четврток, 6 декември 2018 |

Невиден хаос на Сицилија: тепачка на хулиганите, играчот на Лацио едвај извлекол жива глава (видео)

Изминатиот викенд било бурно на Сицилија, поточно на натпреварот помеѓу Палермо и Лацио.

Palermo_1057955S1

Навивачите почнале со нередите воочи самата средба кога дошло до физичка пресметка помеѓу хулиганите кои користеле се што ќе им дојде под рака. Во дивеењето неколку лица добиле потешки телесни повреди, а откако завршил хаосот на улиците потоа се префрлил на трибините.

Судијата поради нередите морал во два наврати да ја прекине средбата, а особено било опасно на почетокот на вториот дел кога хулиганите почнале од сите страни да фрлаат топовски уреди од кои еден завршил и на тревата. Фуадбалерот на Лацио Антонио Кандрева имал многу среќа затоа што токму во тој момент се обидел да се прбие на левата страна на теренот на кој паднала „бомбата“.

Потсетувале Лацио со убедлива победа славеше против Палермо (3:0). Двојниот стрелец на натпреварот бил искусниот Мирослав Клосе, додека третиот гол го постигнал Фелипе Андерсон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top