| четврток, 6 декември 2018 |

Талевски, Кузмановски и другарите ќе имаат тешка задача на младинското ЕП

talevski

Македонските ракометари до 20 години остварија голем успех со пласманот на Европското првенство во Данска, ова лето, но допрва следуваат предизвиците. В среда во 18.00 часот ќе ги дознаат противниците, но денеска разбраа дека ќе се стави во последниот четврти барабан.

Македонија е сместена во четвртиот, последен барабан за ждрепката за ЕП во Данска и сигурно нема да ги добие Шведска, Полска и Русија во својата група.

Нашиот противник од квалификациите кои се играа викендов, репрезентацијата на Швајцарија е во вториот барабан, а најопасни се четирите носители, Франција, Данска, Шпанија и Угарија. Тие беа познати од претходно затоа што имаа изборено директен пласман, врз основа на резултатите од ЕП во 2014 година, на кое ракометарите од оваа генерација настапија како 18-годишници.

Впрочем, целата распределба на „шеширите“ е базирана врз пласманот од тоа првенство. Македонија тогаш заврши на 15., претпоследно место и затоа е сега меѓу четирите најслабо рангирани селекции.

На тоа првенство момците предводени од Филип Талески и Марко Нелоски играа во група со Шпанија, Данска и со Русија и забележаа шест порази и победи против Србија и Романија.

БАРАБАН 1: Франција, Унгарија, Шпанија, Данска

БАРАБАН 2: Германија, Швајцарија, Исланд, Норвешка

БАРАБАН 3: Хрватска, Србија, Холандија, Словенија

БАРАБАН 4: Шведска, Полска, Русија, Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top