Неверојатен примерок на бонсаи, засадено во 1625 година, живее и расте речиси 400 години. Импресивно по животниот век, бонсаито го преживеало и нуклерниот напад на Хирошима.
Дрвото му припаѓало на семејството Јамаки, чијшто дом се наоѓал на три километри од местото на кое американските воени сили ја фрлиле бомбата која однесе 140.000 животи.
Чудно, но семејството Јамаки и неговото бонсаи преживеале.
Дрвото се наоѓа во американскиот Национален арборетум во Вашингтон, каде што пристигнало во 1976 година како подарок од бонсаи-мајсторот Масару Јамаки.
Вработените не знаеле дека дрвото го преживеало нападот во Хирошима сѐ до 2001 година, кога дошло во посета семејстовто Јамаки и им ја раскажало неговат неверојана историја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.