| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела повеќе од 1.300 јавувања на „Ало докторе“

На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела имало 1.330 повици. Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата, досега, имало 86.524 повици.

Здравствен дом Скопје соопшти дека линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за зголемен крвен притисок, главоболки, сезонски настинки, симптомна болка, зголемена телесна температура и совети поврзани со хронични болести и променливото време.

На сите оние лица кои побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top