| четврток, 6 декември 2018 |

Црквата „Свети Јован“ на Канео на насловна страница на списанието „Нешнел џеографик“

На насловната страница на Специјализираното издание на „Нешнел џеографик“ наменето за американскиот пазар се најде најфотографираната црква на Охридското Езеро, посветена на свети Јован на Канео во Охрид…

Охрид и Охридското Езеро, како најпознатото туристичко место во Македонија, се наоѓа меѓу познати дестинации во светот што секако треба да се посетат, односно како едно од „стоте места што ќе ви го сменат животот“ како што стои во насловот на изданието.

„Охридското Езеро денеска е препознатливо по своите убави плажи и по можностите што ги нуди за активност на вода, но тоа е и место на чии брегови следбениците патувале со векови за да ги видат православните храмови и повеќе од 800 икони насликани во византиски стил“, стои во делот на магазинот посветен на Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top