| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанците се жалат: три од четирите гола на Баерн од недозволена позиција

Шпанскиот спортски магазин Марка пишува дека три од четирите гола на Баерн Минхен се последица на судиски пропусти.

Кај првиот голе, пред Милер да ја затресе мрежата, Данте му асистираше со глава, но по се изгледа дека при тоа направил фаул врз одбранбениот играч.

Кај вториот гол, Милер му асистира на Гомез кој ја внесува топката во гол од само два метра, но според весникот, тука има офсајд.

Третиот гол пак, на Арјен Робен, кој влезе во шеснаесетникот на Барса од десната страна најпрво го мина одбранбениот играч, кој потоа беше срушен со бодичек од Милер пред Робен да ја затресе мрежата на противникот по трет пат вечерта.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top