| четврток, 6 декември 2018 |

Самоубиствен бомбашки напад крај полициска станица во Југозападна Русија

­ rusi

Тројца бомбаши­ самоубијци се разнесоа денеска крај полициска станица во градот Новоселское во рускиот Ставрополски крај (Југозападна Русија), соопшти претставник на локалните безбедносни структури. Веројатно станува збор за терористи, тие ги активирале експлозивите околу 10.40 часот по локално време, изјави тој.

Нема настрадани меѓу населението и силите на редот, соопшти градската полициска управа, јави ТАСС. Според ТАСС, напаѓачите биле четворица и двајца од нив се ликвидирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top