| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт триумфално низ Сан Антонио, измранет рекордот на Чикаго (видео)

Голден стејт продолжува да ја испишува новата страница од историјата на НБА лигата.

golden stejt

Актуелниот шампион славеше во големото дерби против Сан Антонио со 92-86, по што го израмни рекордот на славната генерација на Чикаго булс, од сезоната 1995/96, со остварени 72 победи во регуларниот дел од сезоната.

Исто така, екипата од Оукленд успеа да слави во Тексас по 19 години и 33 едноподруго порази, прекинувајќи ја и низата на тимот на Грег Попович од 39 победи на домашен терен (48 – сметајќи ја и минатата сезона), па ниту оваа година нема да имаме непобедлив домаќин.
Никој никогаш немал ни 37 победи на гости во годината (37-3), додека можноста со златни букви да се запише во историјата, Голден стејт ќе има против Мемфис во последното коло пред своите навивачи.

Енигма за одбраната на Сан Антонио на оваа средба беше МВП-то Стеф Кари кој одигра одличен меч и со 37 поени и 13/22 реализација од игра (4/9 за три) беше лидер на поентерската листа, а го следеше Томпсон со 14 поени. Кај домаќинот најмногу се истакнаа Олдриџ и Ленард кои забележаа дабл-дабл учиноци – Олдриџ постигна 24 поени и додаде уште 10 скока, додека Ленард имаше 20 поени со 13 скока.
Во последното коло од регуларниот дел тимот на Голден Стејт на домашен терен го пречекува Мемфис.

НБА резултати:

Хјустон – ЛА Лејкерс 130-110
ЛА Клиперс – Далас 98-91
Денвер – Јута 84-100
Филаделфија – Милвоки 108-109 (по прод.)
Индијана – Бруклин 129-105
Мајами – Орландо 118-96
Сан Антонио – Голден стејт 86-92
Њујорк – Торонто 89-93

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top