Понеделник постепено, но сигурно ќе ја наговестува стабилизацијата на времето. Наутро сеуште локално во околината на планинските региони во северниот регион ќе има услови повремено да проврне слаб дожд, објави „Метеопро“.
Попладне и приквечер пак, облачноста значително ќе се намалува, за ноќта да биде речиси ведра.
Околу пладне и попладне ќе дува умерен северозападен ветер.
Температурата се очекува да има максимална вредност од 17°С до 20°С долж повардарието, односно до 22 на југоисток. Котлините од западниот крај ќе бидат малку посвежи, со максимална околу 16°С.
Во скопскиот крај очекуваме умерена облачност претпладне и претежно мала облачност попладне. Ќе дува умерен северозападен ветер.Температурата ќе достигне максимални 18°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.