| четврток, 6 декември 2018 |

Варди е незапирлив, Лестер јури кон титулата, но и Тотенхем не се откажува (видео)

vardy-leicester-goal

Во англиската Премиер лига денес се одиграа последните три натпревари од 33. коло.

Во првиот натпревар Лестер во гости славеше над Сандерленд со 2-0. Клучниот момент на мечот се случи во 66. минута кога изворедниот Џејми Варди по одличното додавање од Дринквотер во свој стил ја затресе мрежата на противничкиот гол. Сандерленд се обидуваше да дојде до погодок, имаше неколку шанси, но мрежата на голот на Лестер мируваше. Во 94. минута Варди ја потврди својата доминантност сезонава во Премиер лигата и постигнува уште еден гол за конечни 2-0.

Лестер има 7 бодови повеќе од второпласираниот Тотенхем, на пет кола до крајот. Уште три победи и титулата им е загарантирана, без никакви калкулации.

 

Тотенхем славеа убедливо на домашен терен против Манчестер Јунајтед со 3-0 во дербито од 33.коло во англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“ за шест минути примија три гола. Првиот гол го постигна Деле Али во 70. минута, четири минути покасно Алдерверелд со глава го дуплира водството, а Ламела во 76. минута ги поставува конечните 3-0.

 

Предноста на домашниот терен ја искористи и Ливерпул кој со 4-1 го победи Стоук. Стрелци на головите за домашниот тим беа Морено (8. минута), Стариџ (32.), Ориги (50. и 65.), а кај Стоук единствениот гол го постигна Кркиќ во 22. минута.

 

Табела:

Лестер 72 бодови
Тотенхем 65
Арсенал 59
Манчестер Сити 57
Манчестер Јунајтед 53
Вест Хем 52
Саутемптон 50
Ливерпул 48
Стоук 47

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top