| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Мукаетов премногу се вложи себеси, не заслужува да замине на ваков начин

kire-lazarov-nova-640x433

Денешната победа на нашите ракометари над Чиле падна во сенка на бројните најави за повлекувањата од репрезентацијата, а посебно повлекувањето на првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов шокантно делуваше за сите наши ракометни репрезентативци.

Капитенот Кире Лазаров смета дека македонскиот ракомет ќе загуби многу ако Живко Мукаетов навистина замине од претседателската функција во РФМ.

„Ако за Мојсовски и Миркуловски беше очекувано, веста за нашиот претседател беше како гром од ведро небо и ќе биде тешко ако загубиме човек како него. Навистина не гледам правец или насока доколку тоа се случи, а гледам дека има најава за светла иднина со успехот на младинците. Господинот Мукаетов не заслужува да се прости од РФМ на таков начин, тој премногу се вложи себе си во целата приказна и не заслужуваа така да заврши“.

„Навистина бев денеска изненаден од најавата за повлекувањето на Живко Мукаетов од претседателската функција на РФМ. Може слободно да кажам дека ако Македонија, спортот и сите ние дозволиме да загубиме човек како Мукаетов тоа ќе биде потоп за ракометот. Долги години сум во репрезентацијата и во ракометот, и тврдам дека Македонија во спортот никогаш досега немала човек како првиот човек на федерацијата. Ако го загубиме, тогаш ќе загубиме многу верувајте. Човек кој многу направи за ракометот, се вложува комплетно себе си и лично во ракометот. Голем Македонец, емотивна личност која од срце го сака спортот. Сите овие изминати години ние го видовме и научивме и како човек, и може слободно да кажам дека е повеќе од неопходен за сите нас“ – изјави Лазаров по денешниот меч против Чиле.

„И мене во моментов ми се вртат милион мисли низ глава. Но, мора сите да се смириме, и со ладни глави добро да се анализира и на крај да се утврдат само позитивни насоки по кој би се движел во иднина нашиот ракомет. Една од тие е, ќе повторам, да не се дозволи заминување на претседателот Живко Мукаетов“, додаде Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top