| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров бара смиреност, но најави и отстапување место на младите

kire-lazarov-2

Капитенот на нашата ракометна репрезентација, Кире Лазаров по дуелот со Чиле повика на смиреност по целиот хаос што настана во ракометната репрезентација. По бројните најави за повлекувања од репрезентацијата, Лазаров најави дека ќе го отстапи местото на младите, доколку се продолжи со неамбициозна работа:

„Ова е неочекуван неуспех за мене, за кратко време се случија многу работи што човек не може ред да фати. И јас имам 1001 мисла во моментов и цело попладне се занимавам со таква работа и да бидам искрен не бев способен да го одиграм денешниот натпревар. Во овој момент навистина не знам што да кажам, многу мисли имам во својата глава, за нашата и за мојата иднина во националниот дрес, ќе почекам да ја донесам конечната одлука. Нека се оладат главите, што и да кажам во моментов само би ве излажал, да оставиме неколку недели и да одлучиме што понатаму. Јас ја сакам Македонија, публиката и репрезентацијата, но не прифаќам ако нешто се работи неамбициозно, без сериозни луѓе. Ако не постои амбиција, ќе го отстапам местото на помладите. Ние се мачевме да дојдеме до еден успех на големите натпреварувања, не сакаме да ги оставиме младите на цедило и сакаме да им помогнеме да стигнат до СП во Франција, но во моментов е прерано да говорам конкретно за ова. Она што можам да ветам е дека нема да ги оставиме младите на цедило, барем да ги однесеме на следното Светско Првенство, а за понатаму ќе покаже времето“ – истакна Кире Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top