| четврток, 6 декември 2018 |

Лудница во Кратово: Мицков го позајми џипот на Ѕинго и возеше по теренот (видео)

bf4343cebd9889170b581bf71d8003723a7bfff9_730x461_Q75

Одамна немало таква ерупција на радост на стадионот во Кратово. По 14 меча без триумф над својот најлут ривал, Силекс не само што го порази Вардар, туку го фрли на колена, му одржа лекција, му даде три гола како никој сезонава, објави порталот „Аберџија“.

49eadac9f9806120da693b4d7177cef5ec13c052_810x657_Q75

Да не беше тенденциозното судење на Бартон, кратовци ќе славеа многу поубедливо, но и вака победата е слатка. Знаеја кратовци да прослават по мечот, дури и газда Ѕинго, покрај своите 80 години, стана за да им ракоплеска за демолирањето на шампионот. Капитенот Мицков, во мигови на егзалтација, се качи на џипот кој го користи газда Ѕинго и направи неколку крукчиња по теренот, кревајќи ја атмосферата до вриење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top