Македонската ракометна репрезентација со победа го заврши квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри во Рио. Нашите ракометари ја совладаа селекцијата на Чиле со 30-27.
Откако по двата порази од Полска и Тунис нашата репрезентација се збогува со шансата за настап на Олимписките игри во Рио, Ивица Обрван, на последниот негов натпревар како селектор на Македонија, им даде поголема минутажа на играчите од клупата и стартуваше со Миркуловски, Мојсовски, Митков, Ојлески, Костески, Никола Маркоски и со Митревски на голот.
Добро го започнавме натпреварот, Митревски одлично го бранеше голот, а добро функционираше и нападот. По девет минути игра имавме водство од 5-2. Чилеанците во еден период успеаа да се доближат на минус еден разлика, но нашите ракометари повторно се вратија во игра и на полувреме заминаа со резултат 17-14.
Во вторите 30 минути лошо стартувавме, противникот израмни на 17-17, но серијата ја прекина одличниот Костески , па водството повторно беше зголемено на четири разлика. По ова Македонија успеваше да ја одржува високата разлика и продолжи да доминира на теренот. На десет минути пред крајот веќе имавме седум голови разлика. Во финишот нашите ракометари малку се опуштија, па Чиле стигна на -2, но сепак немаше време за некаков пресврт, а нашите постигнаа уште еден гол за конечни 30-27.
Најефикасен кај „црвено-жолтите“ беше Никола Костески со 6 голови, a Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски постигнаа по четири.
Македонија заврши како трето пласирана во квалификациската група, а Полска и Тунис, кои секако обезбедија пласман на Олимпијадата, ќе одиграат вечерва меч за престиж и за првото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со пораз од Данска, Македонија се прости од Европското првенство
-
Храбрата и млада Македонија има 12 – 12 на полувреме против моќната Данска
-
Чешка и Словенија одиграа нерешено и ја отпишаа Македонија од битката за петто место
-
Неверојатни комбинации: Кој со кого е цимер во македонската репрезентација?