Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, преку замнскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, повторно се обидува да ја кочи работата на ДИК благодарение на договорот меѓу партиите, пропратните писма од МВР до ДИК да одат со потпис од техничкиот министер и двајцата заменици.
Курир повикувајќи се на свои извори објави дека Спасовски од СДСМ одбил да ги потпишува пропратните писма што претставува опасност да се пробијат роковите од ДИК, па заради тоа, утринава писмата со одговори по барањата на ДИК се испратени без негов потпис.
МВР заврши најголем дел од проверките кои на барање на ДИК требаше да ги спроведе изминатиов период.
Имено, направена е проверка врз база на 21 критериум од ДИК каде е откриено само едно лице со исто име, презиме и датум на раѓање за кое немало неодамнешни записи.
Според порталот, направена е проверка и на 47 женски лица кои имале исто име, татково име и датум на раѓање. Направена е проверка на 35 лица кои имале исто име и презиме, датум на раѓање и само иста прва буква од татковото име.
Завршена е и проверката за тоа дали се во земјава или во странство 3372 лица за кои немало неодамнешни записи, а биле регистрирани во стан со друго лице кое примало пари од странство по брз трансфер.
Останува денеска да биде завршена уште проверката на живеалиштата на списокот од лица кој е доставен од ДИК до МВР.
Проверките по ова барање се пролонгирале поради обидот преку регионалните комисии, СДСМ на различни начини да ја одолговлекува работата.
Како што јавноста веќе се увери, првичните информации на СДСМ за половина милион граѓани-фантоми се испоставија како обична манипулација. Се покажа дека според нивните критериуми, фантоми во земјава се и Јани Макрадули и сестрата на Радмила Шекеринска како и многу новинари.
Спроведувањето на теренските проверки резултираше со уште поголем револт меѓу граѓаните кои заради стравот на СДСМ од избори, требаше во сопствениот дом и во сопствената држава да се правдаат дека не се фантоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.