Целта на терористичката група од Брисел била повторно да ја нападнат Франција, но таа во последен момент одлучила да изврши напади во белгискиот главен град, соопшти белгиското Јавно обвинителство.
Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, ова е извлечено од зборовите на главниот осомничен Мохамед Абрини.
– Федералното Јавно обвинитеслтво тврди дека според она што произлегува од повеќе елементи од истрагата, целта на терористичката група била повторно да ја нападнат Франција и дека биле фатени на еден начин од текот на истрагата која напредуваше со големи чекори и на крајот одлучиле да го нападнат Брисел, се објаснува од Јавното обвинителство.
Абрини, кој што веќе е обвинет за нападите во Париз, исто така, е обвинет и за нападите од 22 март во Брисел.
Судијата подигнал обвинение против него за „учество во активност на терористичка група, терорстички убиства и обиди за терорстички убиства“.
Абрини, кој беше уапсен вчера, е всушност третиот човек од аеродормот во Брисел, кој го напушти местото на инцидентот веднаш по двојниот самоубиствен напад.
Со ова официјално се дава потврда на поврзаноста на терористичките напади од ноември 2015 во Париз со тие од март 2016 во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.