| четврток, 6 декември 2018 |

Се обидел со секира да ја убие мајка си

Полицијата поднесе кривична пријава против гевгеличанецот Ј.Н. (40) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

секира

Според МВР пријавениот на 27.03.2016 година околу 23 часот се заканувал дека ќе ја убие својата мајка, но истата успеала да се заклучи во куќата на нејзината ќерка. Ј.Н. после тоа со секира удирал по вратата, а откако го скршил стаклото побегнал.

Постои сомнение дека пријавениот во период од две години континуирано психички и физички ја малтретирал својата мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top