| четврток, 6 декември 2018 |

Балтимор во Словенија: Во најопасниот град во земјата и медицинарите носат панцири

Врабените во брзата помош во Кочевје во средна Словенија на работа ќе носат на заштитни елеци какви што носат припадниците на интервентната полиција. Оваа одлука е донесена поради безбедносната состојба во средина која има релативно највисок степен на криминалитет во земјата.

Rinza1-Kocevje

– Нашите лекари и другиот медицински персонал често се среќаваат со закани додека се на работните места. Некогаш и се жртви на физичко насилство, вели шефицата на локалната брза помош Милена Видмар Ромич за радио Крка.

Според официјалните податоци на полицијата овој крај на Словенија, сместен длабоко во средиштето на земјата, кој се смета за тешка провинција, има висок степен на невработеност и многу регистрирани зависници од дроги и алкохол, па значително отскокнува од националниот просек на криминалитет со елементи на насилство.

slovenska policija

Просечно, годишно се вршат 59 криминални дела, убиства и обиди за убиство на 10.000 жители, па на тој начин Кочевје е на самиот врв во целата држава. Има многу масовни тепачки, пресметки, кражби, насилства над деца.

Поради лошата безбедноста состојба во кочевје, освен здравствениот дом, полицијата го обезбедува и домот на пензионерите и градската библиотека, зашто во нивна близина се вртат сомнителни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top