| четврток, 6 декември 2018 |

Баерн сигурен во гости, Волфсбург ремизираше со Мајнц (видео)

bayern-stuttgart-090416

Во германската Бундеслига викендов на програмата е 29. коло.

Актуелниот шампион на Германија ја продолжи серијата победи во Бундеслигата и се зацврсти на лидерската позиција на табелата, откако денес во гости го совлада Штутгарт со 1-3.

Баерн Минхен поведе во 31. минута откако Георг Нејдермаер си даде автогол. Алаба во 52. минута зголеми на 2-0. Штутгарт намалија на еден гол разлика преку Даниел Дидави во 63. минута, но Даглас Коста во 89. минута стави точка на натпреварот за конечни 1-3.

 

Очигледно уморот ги стигна фудбалерите на Волфсбург после големата победа над Реал Мадрид во првиот четвртфинален дуел ви Лигата на Шампиони.

Во последниот натпревар вечерва, Волфсбург на свој терен одигра нерешено, 1-1, со одличниот Мајнц.

Поведе домашната екипа со голот на Шурле во 52. минута. По 14 минути Мајнц стигна до израмнување преку Самперија за конечни 1-1.

 

Резултати:
Вердер – Аугсбург  1-2
Франкфурт – Хофенхајм  0-2
Хамбургер – Дармштат  1-2
Инголштат – Борусија Менхенгладбах  1-0
Штутгарт – Баерн Минхен  1-3
Волфсбург – Мајнц  1-1

Утре играат:
Шалке – Борусија Дортмунд (15:30 часот)
Келн – Баер Леверкузен (17:30 часот).

Табела:
1. Баерн Минхен 75 бодови
2. Борусија Дортмунд 67
3. Херта 49
4. Борусија Менхенгладбах 45
5. Баер Леверкузен 45
6. Мајнц 45
7. Шалке 44
8. Волфсбург 39

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top