
Во англиската Премиер лига викендов на програмата се натпреварите од 33. коло, а на пет кола пред крајот на сезоната Астон Вила ги загуби шансите за опстанок меѓу најдобрите англиски екипи.
Колото го отвори лондонското дерби, Вест Хем и Арсенал ги поделија бодовите во натпревар со дури шест голови. „Топчиите“ имаа два гола предност, но Енди Керол беше расположен за игра кај домашната екипа и со хет-трик му донесе бод на Вест Хем. Стрелци на головите за Арсенал беа Озил, Санчез и Кошчелни.
Саутемптон го совлада Њукасл со 3-1 и остана во трката за место за европската сцена. Њукасл, пак, го доживееа шестиот пораз во последните седум натпревари под водство на Рафа Бенитез и уште повеќе си го отежнаа опстанокот во Премиер лигата.
Астон Вила со поразот (1-2) од Борнмаут на домашниот „Вила Парк“ дефинитивно ги загуби шансите следната сезона да игра во Премиер лигата.
Ново разочарување на приреди екипата на Челзи која на гостувањето кај Свонси загуби со 1-0. Со оваа победа Свонси го зацврсти опстанокот во лигата.
Кристал Палас, исто така, оствари важна победа за избегнување на елиминација од Премиер лигата, минимално совладувајќи го Норвич. На домашен терен го забележаа дури првиот триумф во 2016 година и ја прекинаа црната серија од 14 натпревари без победа.
Во последниот денешен натпревар, Манчестер Сити на свој терен успеа да стигне до победата со пресврт против ВБА, откако губеа со 0-1, со головите на Агуеро и Насри стигнаа до трите бодови.
Резултати:
Вест Хем – Арсенал 3-3
Астон Вила – Борнмаут 1-2
Кристал Палас – Норвич 1-0
Саутемптон – Њукасл 3-1
Свонси – Челси 1-0
Ватфорд – Евертон 1-1
Манчестер Сити – ВБА 2-1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


