| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Создадовме хаос од кој немаше враќање

kire-lazarov-nova-640x433

„Немам одговор, едноставно немам што да кажам освен дека ова е катастрофа. Сепак, мислам дека не е време за конечни одлуки. Не треба да се биде паметен за да се заклучи што ни се случи, едноставно изгубивме глава и создадовме хаос кој Тунис успеа да го искористи. Целиот тој хаос Тунис го искористи за да заземе контрола врз целиот меч. Можам само да кажам дека се мотивиравме и бевме свесни што ова значи, но ете за жал не успеавме. Не сум паметен во кој правец да размислувам, но само едно знам дека имаме добра и квалитетна репрезентација, а тоа е нештото што најмногу боли“, истакна Лазаров по завршувањето на мечот со Тунис.

За тоа дали има дисбаланс во репрезентацијата, Лазаров изјави:

„Не знам што да одговорам, има стручни лица кои ќе ги согледаат проблемите и ќе разговараат меѓу себе. Јас само можам да кажам дека како капитен давам мотивација и цврсто верувам во се што стои како предизвик пред нас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top