Водачот на кубанската револуција и поранешен претседател на Куба Фидел Кастро (89) се појави во јавност во четвртокот во училиштетот кое го носи името на хероината Вилма Еспин за да се одбележи годишнината од раѓањето.
Државната телевизија покажала снимки од Кастро како седи и разговара со учениците и учителите.
Инаку, револуционерката Вилма Еспин, сопруга на неговиот брат Раул почина во 2997 година. Кастро, со зарипнат глас изјави дека денес Вилма би била среќна кога би ја видела Куба.
Кастро во август ќе го прослави 90. родеден, а пред осум години поради болеста му ја отстапи власта на својот брај Раул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.