Кралското семејство на 4. септември на твитер потврди дека војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е бремена и очекува трето дете. Од таа објава Мидлтон не се појави во јавноста, бидејќи, како што тврдат некои извори, често има мачнини и не се чувстува најдобро.
Војвотката од Кембриџ заедно со сопругот, принцот Вилијам се појави во Бакингемската палата за да ја поддржи организацијата која се занимава со менталното здравје во Велика Британија.
Кејт сега се чувствува многу подобро и е подготвена да се посвети на хуманитарната работа која ја почна оваа година.
Ова е трето дете на Кејт и Вилијам, по принцот Џорџ и принцезата Шарлот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.