Синоќа во НБА лигата се одиграа десет натпревари.
Дека нема попуст за никого во НБА се покажа во натпреварот во Јута. „Џезерите“ се борат за пласман во плејофот и испуштија голема шанса против ослабениот Клиперс, за кој не настапија главните играчи – Пол, Џордан, Грифин и Редик. Домаќините загубија во продолжение, одлична партија за гостинскиот тим прикажа резервниот центар Кол Олдриџ, кој го искористи отсуството на првотимците и забележа 21 поен и 18 скокови, а искусниот Џамал Крофорд беше најпрецизен со 30 поени и го заокружи натпреварот со тројка за победа во последната секунда. Јута Џез се уште има теоретски шанси за „последна карта“ за настап во плејофот, а со овој нивни пораз и Хјустон се враќа во игра за пласман.
Бостон Селтикс не дозволи изненадување против Милвоки и извојуваа четврта победа во низа. Тајлер Зелер беше најефикасен во победничката екипа со 26 поени. Селтикс се борат за третата или четвртата позиција во Источната Конференција која ќе значи предност на домашен терен на стартот од плејофот.
Во прилог на Бостон им оди и поразот на Мајами од Орландо. Со овој пораз Мајами паднаа на петтата позиција, зад Бостон, а овие два тима ќе имаат меѓусебен дуел до крајот на регуларниот дел од сезоната.
Детроит по пауза од седум години се враќа во плејофот. Победата над Вашингтон им обезбеди сигурно осмо место. Реџи Џексон имаше одлична вечер, постигна 39 поени и имаше 9 асистенции. Од друга страна, кошаркарите од главниот американски град шансата за плејоф ќе ја бараат следната сезона.
Добра и лоша вест од Далас. Добрата е дека после победата над Мемфис многу се блиску до пласман за плејофот, но извонредниот Бареа им се повреди. Порториканскиот кошаркар им ја носеше играта во последните неколку недели и ќе биде голема загуба за тимот неговото отсуство, секако доколку играат Далас во плејофот. Новицки постигна 21 поен, а одлични беа и резервистите, Андерсон постигна 19 поени и 10 скокови, Девин Харис додаде 16 поени. Далас моментално е на седмата позиција на Западот, а дури има и шанси да ги престигне Портланд и Мемфис, за обезбедување на петтата, односно шестата позиција. Целта е да се избегнат „Спарси“ во првата рунда, односно да ја избегнат таа седма позиција. Но, сите овие калкулации зависат и од резултатите на другите екипи.
Резултати:
Бостон – Милвоки 124-109
Детроит – Вашингтон 112-100
Торонто – Индијана 111-98
Филаделфија – Њујорк 102-109
Орландо – Мајами 112-109
Шарлот – Бруклин 113-99
Далас – Мемфис 103-93
Њу Орлеанс – Лејкерс 110-102
Јута – Клиперс 99-102 (во прод.)
Денвер – Сан Антонио 102-98
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)