Властите во италијанскиот гра Фиренца одобрија изградба на голема џамија во центарот на градот, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Градските власти донеле одлука во овој град да се изгради голема џамија бидејќи, како што се наведува, централната џамија не може да прими повеќе од илјада верници.
Многу муслимански верници често се принудени молитвите да ги одржуваат на улица, во близина на централната џамија.
– Тоа е лошо за имиџот на џамијата, но и за градот. Се случува во петок двапати да се поклонуваме, нема место во џамијата, па молитвата се одржува на улица – вели имамот на Џамијата во Фиренца Изедин Елзир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.