| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Царнаев бомбите ги поставиле поради американската интервенција во Ирак и Авганистан

Браќата Царнаев бомбите на бостонскиот маратон ги поставиле поради американската интервенција во Ирак и Авганистан. Дека браќата биле мотивирани од воените операции на САД на Блиски исток, како што јавува „Вашингтон Пост“, потврди и уапсениот Џохар Царнаев.

majkabombasa_rusiatoday

Деветнаесет годишниот Царнаев заздравува од раните кои ги доби во пресметка со полицијата. Тој призна дека заедно со брат му го испланирале и го извеле нападот во кој загинаа тројца, а беа ранети повеќе од 250 луѓе. Извор близок на истрагата потврди дека Џохар и неговиот постар брат Тамерлан најверојатно делувале самостојно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top