| четврток, 6 декември 2018 |

Заев не ги повлекува членовите од ДИК

Виолета Дума и Игор Милев остануваат членови на Државната изборна комисија, пишува „Прес 24“. СДСМ и коалициските партнери едногласно одлучија да не ги повлекуваат своите членови од централниот изборен орган, за да обезбедат контрола врз процесот на прочистување на Избирачкиот список. Учеството во ДИК има цел да ги спречи манипулациите и злоупотребите што се обидува да ги прави власта на Груевски, појаснуваат опозициските партии во соопштението од средбата со Зоран Заев. Опцијата за повлекување на двајцата членови на ДИК предложени од опозицијата ја актуелизираше самиот Заев, при завчерашното објавување дека СДСМ нема да учествува на нерегуларни избори на 5-ти јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top