| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на сопругот на убиената Јелена (видео)

zoran-marjanovik

Зоран Марјановиќ, сопруг на свирепо убиената пејачка Јелена, во исповед за Курир.рс вели дека многумина мислат оти тој е убиецот и дека му е тешко да ги чита таквите написи.

Додава дека тие двајца имале неверојатна љубов и сега спие со нејзината слика во прегратка.

-Ме боли, многу ме боли што така се зборува. Верувајте дека тоа се небулози. Секогаш се поставува прашањето зошто лошите работи им се случуваат на добрите луѓе и обратно. Јас спијам со нејзината слика и таа е овде со мене. Бевме многу поврзани. Дури и кога спиевме, а она ќе осети дека сум свртен на другата страна, таа во сон се вртеше и се стискаше до мене, вели сопругот на Јелена.

Тој што ја убил Јелена, додава Зоран, е монструм, тоа мора да биде монструм.

-Уште ако е некој што не` познавал, кој знаел и за нашето мало дете и такво нешто да направи…тоа е ѕвер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top