| четврток, 6 декември 2018 |

Катарски компании заинтересирани да соработуваат со македонските

атарските стопанственици пројавиле интерес за соработка со македонски компании особено во делот на кондиторската индустрија и градежништвото

Македонската бизнис-делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8. Светски коморски конгрес, се сретна  со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.

Катарските стопанственици пројавиле интерес за соработка со македонски компании особено во делот на кондиторската индустрија и градежништвото.

stopanska-komora-

„Катарските бизнисмени покажаа интерес за соработка со производствените компании од Македонија, во делот на кондиторската индустрија, агро производството особено ран зеленчук, како и вложувања во заокружено производство на јагнешко месо. Покрај тоа заинтересирани се за соработка со компании од градежната индустрија, како подизведувачи во ниско градба-патна инфраструктура и квалификувана работна сила“, изјави претседателот на ССК, Златко Калеников.

ССК најави дека во следните денови ќе потпише меморандуми за соработка со стопанските комори на Јордан, Дубаи, Уганда и други.

Покрај делегацијата од ССК, на саемот во Доха учествуваат и претставници од Агенцијата за странски инвестиции и од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводени од директорот Виктор Мизо.

На саемот во Доха, кој трае до четврток, учествуваат 1.500 претставници од 105 држави во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top