Владата на Република Македонија за спроведување на изборите одлучи да бидат поништени противзаконските и еднострано донесени правни акти на министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика кои се донесени во периодот од 11.11.2015 година до 07.04.2016 година. Одлучувањето на Владата е направено врз основа на Законот за Владата во законска постапка, се вели во соопштението од Владата.
интегрален текст
Согласно член 30 став 2 од Законот за Владата, Владата има право и должност да укине или поништи пропис или друг акт на министерствата, органите на државната управа и управните организации кој не е во согласност со Уставот, законот или друг пропис на Собранието, односно пропис на Владата, и врз основа на овој член Владата дејствуваше.
Врз основа на официјални информации и акти кои беа доставени и разгледувани во законска процедура, беше констатирано дека министрите за внатрешни работи и за труд и социјална политика, со противзаконски и еднострано донесените акти ги повредиле и работеле спротивно на членот 46 ставовите 2 и 3 од Законот за Владата, а во врска со членот 47 од Законот за Владата. При носењето на овие еднострани и противзаконски акти министрите не ги почитувале законите, односно не ги донеле овие акти во согласност со дополнителниот заменик министер, не ги консултирале дополнителните заменици министри и на овие акти кои Владата им ги поништува нема потпис од дополнителниот заменик министер, од што произлегува дека тие акти се незаконски донесени и се спротивни на Законот за Владата и затоа Владата ги поништи овие нивни акти.
Владата наложи во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика да се воспостави претходната состојба каква што била пред донесувањето на наведените противзаконски и еднострани акти, кои Владата ги поништи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Донесена одлука за почеток на јавната расправа за уставните измени
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
Владата донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за 27 април