| четврток, 6 декември 2018 |

Женска трка во Градски парк во Скопје

В недела, на 10 април по четврти пат ќе се одржи Женската трка, како претходница на Скопскиот маратон закажан за 8 мај.

zenska trka

Организаторот најавува учество на околу илјада жени. Трката, што е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а по покровителство на Град Скопје ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје кај Школка. Оваа година трката е влезена во календарот на Европската атлетска федерација.

На 10 април во 10 часот е планирано групно загревање со аеробик, а од 10,30 започнува трката. Ќе се трчаат 2.000 метри, т.е. еден круг во парк. Секоја учесничка ќе добие стартен број со чип за електронско мерење на време. Трката има натпреварувачки карактер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top