| четврток, 6 декември 2018 |

Почна пријавувањето за Женската трка

Од денеска официјално се отвора пријавувањето за Женската трка 2018. Шестата трка ќе се одржи во недела, 1-ви април и ќе стартува во 10.00 часот. Минатата година околу 1.500 натпреварувачки трчаа во Градски парк додатно зацврстувајќи ја Авицена Женската трка како синоним за здравјето и здравиот начин на живот.

Со денешното отворање организаторите за сите кои ќе се пријават овозможија до 4-ти февруари да го одберат својот омилен стартен број. Во првиот бран, кој трае до 15-ти февруари, котизацијата изнесува 150 денари, а самото пријавување завршува на 28.03.2018. Оваа година е приредено исклучително изненадување со тоа што трката ќе биде од уличен карактер и ќе се одржи на бул. Илинден во Скопје. За прв пат стартот и целта ќе бидат пред Фонтана Лотoс на Бул. Илинден и ќе се трча по самиот булевар во еден круг од 2 км.

Стартниот пакет за Авицена Женска трка вклучува стартен број со чип, онлајн диплома во ПДФ формат, вода, учество во лотарија и подароци од спонзорите.

Оваа година загревањето ќе биде пред платото на Фонтанa Лотoс таму по завршувањето на трката ќе има лотарија и прогласување на најдобрите на 2км.

Пријавувањето и регистрацијата за Авицена Женската трка 2018 може да се направи преку официјалната веб страна на Авицена Женска трка www.zenskatrka.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Авицена Женска трка www.smartrace.club.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top