| четврток, 6 декември 2018 |

Песната поради која многумина се самоубија: Која е песната што Тито ја забранил? (видео)

Авторот на песната која во шеесеттите години на минатиот век беше на црна листа, е Драгиша Недовиќ од Крагујевац зад кој стојат бројни класици на народната музика.

Откако заболел од туберкулоза, овој самоук поет во 1950 година напишал тажна песна со име „Белите дробови ми се болни“. Стиховите биле трогателни, а изведбата на пејачот Заим Имамовиќ  сугестивна, што во тогашна Југославија покренале серија самоубиства на луѓе кои заболеле од оваа болест.

Поради лошото влијане на народот, Централниот комитет на чело со Тито донел одлука песната на Недовиќ да биде забранета, а плочата да биде повлече од продажба.

Неколку години подоцна Јованка Броз  ја „рехабитирала“ песната така што на еден пример побарала токму оваа песна да и ја отпее Нада Мамула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top