39,2 отсто за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 14,9 отсто за СДСМ е ставот на граѓаните во најновото истражување на институтот „Димитрија Чуповски“, спроведено телефонски во период од 30 март до 2 април 2016 година на 1275 испитаници.
– Истражувањето беше спроведено на ниво на Република Македонија, во сите шест изборни единици, со вклучување на повеќе демографски карактеристики на населението како пол и возраст, како и рурални и урбани места на живеење. Бидејќи целта на анкетата беше да се дознаат перцепциите на граѓаните за двете најголеми партии во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Другите помали етникуми беа дел од анкетата, се ели во соопштението од Институтот.
За која партија би гласале на изборите на 5 јуни? | Проценти | |
Ниту една | 15.5 | |
Некоја друга | 0.9 | |
Не знам | 29.5 | |
СДСМ | 14.9 | |
ВМРО-ДПМНЕ | 39.2 | |
Вкупно | 100 |
На кој од македонските политичари му верувате најмногу? | Проценти | |
ниту еден | 15.4 | |
некој друг | 4.2 | |
не знам | 27.4 | |
Зоран Заев | 7.3 | |
Никола Груевски | 39.5 | |
Стевчо Јакимовски | 2.2 | |
Радмила Шеќеринска | 0.4 | |
Бранко Црвенковски | 3.6 | |
Вкупно | 100 |
Со кое од понудените две тврдења би се согласиле повеќе? | ||
Процент | ||
Катица Јанева работи независно и професионално | 20.4 | |
Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странски фактори со цел да и наштети на ВМРО-ДПМНЕ | 60.1 | |
Не знам | 19.5 | |
Вкупно | 100 |
Кое од следниве тврдења според вас е поточно? | ||
Процент | ||
постојат многу гласачи „фантоми” на избирачкиот список со чија помош се нарушува изборниот процес и се местат изборите во корист на власта | 23.1 | |
Во македонија нема „фантоми” како што се виде и со проверката на списокот, туку тоа е само изговор за изборните порази на опозицијата | 61.2 | |
Не знам | 15.7 | |
Вкупно | 100 |
Што сметате дека е поверојатно да биде крајната цел на САД и ЕУ во однос на политичката криза во Македонија? | ||
Процент | ||
Демократизација и владеење на правото | 22.2 | |
Притисок за промена на уставното име | 63.8 | |
Не знам | 14 | |
Вкупно | 100 |
Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,4%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)