| четврток, 6 декември 2018 |

Приказна од бајките, од болница стаса на терен и постигна 3 гола (видео)

Џонатан Соријано е вистински херој на Салцбург, а неговата приказна ги полни страниците на австриските медиуми. Поранешниот играч на Барселона Б, сега член на Салцбург, заминал во болница во саботата за да присутвува на породувањето на неговата сопруга Кристине Сабатер. Откако се било в ред, а Соријано и Кристине го добиле третото дете Абрил, напаѓачот се јавил на стадионот на Салцбург и побарал да настапи во второто полувреме против Волфсбергер. Откако добил потврден одговор, со такси се упатил кон стадионот и стасал навреме за да го одигра второто полувреме.

Потоа се случува вистинска бајка, а Соријано постигна хет-трик во победата на неговиот тим од 6-2. Првиот дел заврши со резултат 2-2.

-Цел живот ќе го паметам овој неверојатен ден за мене. Пресреќен сум – рече Џонатан по натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top