Јирген Клоп како тренер на Ливерпул се врати на „Сигнал Идуна Парк“, беше поздравен од фановите на неговиот поранешен клуб Борусија Дортмунд, а дуелот на теренот заврши со резултат 1-1. Клоп е импресиониран, задоволен, и вели дека и не очекувал ништо поинакво.
– Многу се зборуваше, многу се пишуваше за овој натпревар. Беше супер, и мило ми е. Дојдов во Дортмунд, имаше аплауз за респект, јас исто така покажав максимален респект. А, како и требаше да биде?! Нормално дека очекував ваква ситуација. Емоциите секако постоеја, но ние треба да ги надвладееме. Што се однесува до натпреварот, покажавме дека умееме да се браниме, но и да постигнеме гол. Од Дортмунд не е лесно да си заминеш непоразен, го знам јас тоа многу добро. Сега претстои нов интересен меч на „Енфилд роуд“. Шансите се подеднакви – изјави Јирген Клоп по враќањето во Дортмунд и неговиот прв дуел против „милионерите“ откако го напушти клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.