Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината на НУ Драмски театар Скопје ќе гостува Народниот театар од Сараево, соопштија од Драмски.
На 16 април, сабота, со почеток во 20 часот, тие ќе настапат со претставата „Диво место“ од Горан Стефановски, во режија на Дино Мустафиќ.
Во претставата играат: Јосип Пејаковиќ, Весна Машиќ, Алдин Омеровиќ, Ади Хрустемовиќ, Ермин Сијамија, Ејла Бавчиќ – Теракчија, Бранко Личен, Амра Капиџиќ, Зијах Соколовиќ, Славен Видак, Ведран Ѓекиќ, Мерима Лепиќ, Санела Пепељак, Риад Љутовиќ, Раиса Бужимкиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.