Полицијата вчера влезе во куќата на семејството Ројко во населбата Црвенка, која се наоѓа на неколку стотина метри од местото на убиството на Јелена Крсмановиќ. Тие на испитување го одвеле Игор, а трагаат по помладиот брат Небојша Ројко, викан Виор, како би се собрале дополнителни информации за убиството на пејачката.
-Околу пладне во дворот упаднаа многу полицајци. Веднаш прашаа за Игор и рекоа дека мора да појде со нив. На никој ништо не му објаснуваа. Превртеа се што можеа, куќата, таванот, шупата. Бараа, ни сам не знам што, а потоа заедно со сонливиот Игор, отидоа. Помладиот Виор, исчезна и незнаеме каде е – изјавил Франц Ројко од Црвенка, таткото на Игор и Небојша.

Игор е одведен на информативен разговор, но интензивно се трага по Игоровиот помлад брат Небојша, кој е бегство.
Како што неофицијално се дознава, истражните органи во куќата на Ројко барале оружје со кое е направено злосторството, но и уште некои траги. Инаку, браќата Ројко одамна се познати на полицијата, поради разни кривични дела, пред се кражби и разбојништва, поради што биле и во затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!
-
Крвава пресметка: Убиен е адвокатот на убиецот на Аркан, повреден е и неговиот син!
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре
-
Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија


