| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп со реми во Дортмунд, Севиља и Шахтјор славеа во гости (видео)

Borussia-Dortmund-Liverpool-070416

Вечерва се одиграа првите четвртфинални дуели во Лигата на Европа. Севиља и Шахтјор победија во гости, Дортмунд и ливерпул ремизираа, додека само Виљареал славеше на домашен терен.

dortmund-liverpool

Одлична атмосфера во Дортмунд пред почетокот на натпреварот помеѓу домашната Борусија и Ливерпул направија навивачите на двата тима. Јирген Клоп, прв пат откако е тренер на Ливерпул се врати на „Сигнал Идуна Парк“, каде мина фантастични седум сезони како тренер на Борусија Дортмунд.

Неговиот тим поведе во 36. минута. Милнер со глава ја префрли топката преку целата одбрана до Ориги кој успеа да ја затресе мрежата за водство на Ливерпул од 1-0.

Истиот играч имаше шанса да ја дуплира предноста пред самиот крај на полувремето, но сепак биеше директно во голманот Вајденфелер кој беше одлично поставен во оваа ситуација еден-на-еден.

Во второто полувреме домашната екипа понуди нешто подобра игра од првиот дел. Уште на самиот старт, во 48. минута успеаа да стигнат до израмнување на резултатот, откако Михтаријан упати центаршут од десната страна, а Хумелс беше највисок во скокот и го совлада Миљоле за 1-1.

Се очекуваше Борусија да ја превземе иницијативата по израмнувачкиот гол, но сепак Ливерпул имаа поконкретни шанси до крајот на натпреварот.

На крај, промена на резултатот немаше, победникот меѓу двете екипи ќе се решава на реваншот во Ливерпул за седум дена.

 

Виљареал на домашен терен минимално славеше против најголемото изненадување сезонава во Лига на Европа, екипата на Спарта Прага.

Поведоа домаќините уште во 3. минута со голот на Бакамбу. Фудбалерите на Спарта Прага во последните секунди од првото полувреме успеаа да постигнат гол и да израмнат на 1-1.

Сепак, Виљареал успеа да си обезди предност од еден гол пред реваншот во Прага – во 63. минута по втор пат беше прецизен Бакамбу за конечни 2-1.

 

Шахтјор продолжува со импресивната игра сезонава во Лига на Европа. Тоа го докажаа и вечерва на гостувањето во Португалија, каде ја совладаа екипата на Брага со 1-2.

Поведе гостинскиот тим преку Ракитски во 45. минута, а предноста ја зголеми Фереира на 15 минути до крајот на натпреварот.

Сепак, малку надеж на Брага и врати Едуардо, кој во 89. минута ги постави конечните 1-2.

 

Уште една гостинска победа, во шпанската пресметка Севиља победи на гостувањето против Атлетик Билбао со 1-2.

Првото полувреме заврши без голови, а во второто одлично стартуваше домашниот тим, поведе Билбао со голот на Адуриз во 48. минута, но сепак радоста траеше кратко.

Колоџиејчак во 56. и Ибора во 83. минута постигнуваат голови за голема предност на Севиља пред реваншот на домашен терен следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top