| четврток, 6 декември 2018 |

И Нада Топчагиќ во полиција на сослушување за убиството на Јелена (видео)

jelena-krsmanovic-marjanovic-zoran-marjanovic-gordana-krsmanovic-ubijena-pev-1459810928-879567Во рамките на истрагата за брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ во полиција е сослушана нејзината колешка Нада Топчагиќ.

-Велат дека на толку брутален начин е убиена што е многу страшно. Сега доаѓаме од кај инспекторот, рече Нада за српски Курир.

По повод сомнежите дека Јелена имала прогонувач, Топчагиќ е повикана во полиција на информативен разговор, а на новинарите претходно им рекла дека нејзината блиска пријателка добивала заканувачки пораки, но не ги сфаќала сериозно.


Од таа причина Фејсбук и останатите социјални мрежи што ги користела Јелена се под будното око на инспекторот за технолошки криминал.

И натаму не се знае кој ја уби пејачката, на која во текот на џогирањето на насипот и е смачкана главата. Сопругот Зоран по испитување од 48 часа, во вторникот е пуштен дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top