Полицијата во Србија привела еден од браќата кои живееле само на 200 метри од местото каде е најдено телото на убиената Јелена Марјановиќ Крсмановиќ. Денеска по претрес на една куќа во Црвенка, на испитување е однесен млад човек со иницијали И.Р. Полицијата трага по неговиот брат Н.Р.
Двајцата имаат полициско досие.
За сега полицијата вели дека момчето е во полиција однесен како граѓанин, кој можеби имал информации кои би помогнале кон расчистување на смртта и пронаоѓање на убиецот на Јелена. За сега, не е ниту осомничен ниту уапсен.
Истовремено од истото соседство на таков разговор се повикани уште најмалку четири момчиња.
Но, пред да биде пренесен во станица, куќата на момчето по чиј што брат се трага, била претресена од форензичари.
Неофицијално, сопругот на убиената пејачка, Зоран Марјановиќ дошол тука еден час по исчезнувањето на Јелена, барајќи ги браќата да ги праша дали ја виделе.
Под лупа како можни сведоци се и скитниците и бескуќниците, заради можноста да биле во близина на местото каде е убиена пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ќе го заменам Душко со помлад: Јелена Карлеуша проговори за кризата на средни години!