| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Нов спектакуларен трговски центар во Тетово

Фирмата „Палма трејд“ ја завршува изградбата на трговскиот ценар „Палма мол“, за кој, како што вели,  инвестирала повеќе од 20 милиони евра.

– Трговскиот центар ќе претставува вистински двигател на економијата во полошкиот регион, ќе вработи околу 400 луѓе, а во неговата изградба, како и во опремувањето на надворешноста, внатрешноста и на локалите, учествуваат исклучително македонски компании – вели Оливер Димитровски, сопственик на агенцијата за недвижности „Њу веј“.

По отворањето на центарот, се очекува дневно да го посетуваат од 10.000 до 15.000 посетители.

Центарот се состои од четири нивоа (подрум, приземје, први и втори кат), со површина од 32.000 квадратни метри. Површината на локалите за изнајмување изнесува 16.500 квадратни метри. Меѓу нив е и супермаркетот на „Рамстор“, со вкупна површина од 2.200 квадратни метри.

Во „Палма мол“ ќе бидат застапени и марките: „Палма трејд“, „Њујоркер“, ДМ, ресторан „Емпориум“, „Спорт вижн“, „Мотиви“, „Тудорс“, „Пенти“, „Шатце парфимерии“, „Просветно дело“ и други.

Трговскиот центар располага со отворен и со затворен паркинг за околу 500 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top