Италијанскиот стратег Антонио Конте од следната сезона ќе го води Челси, а тој со себе би сакал да доведе и неколку фудбалери од Серија А. Во комбинација се Раџа Наинголан и Миралем Пјаниќ од Рома, но и тројца фудбалери од неговиот поранешен клуб Јувентус. Најголемо внимание треба да предизвика рекордниот трансфер на Пол Погба, за кого Челси е подготвен да ја плати отштетната клаузула вредна 97 милиони фунти.
Конте, кој се уште е селектор на „аѕурите“, им порача на раководните луѓе на Челси да не штедат средства и да го доведат Пол Погба на „Стемфорд бриџ“. Покрај него, желба му е да го види и Леонардо Бонучи, дефанзивецот на „старата дама“ во својот нов клуб, а релативно најлесно би можел да дојде до Хуан Квадрадо, кој всушност е позајмен играч на Челси, кој оваа сезона го носи дресот на Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.