Во рамки на програмата на „Танц-фест“, денеска, 7 април, во 18 часот во Дансинг салата во МКЦ ќе се одржи Отворен ден.
„Танц-фест“ 2016 во духот на мисијата на фестивалот, повторно ја поттикнува креативноста кај најмладите и сака да обезбеди забава и дружење за љубителите на танцот.
На овој отворен ден, децата и младите ќе имаат можност да се запознаат, дружат, забавуваат и да ги разменат своите креативни идеи во однос на танцот. Во духот на уметноста и признавањето на трудот и напорот за креативно себеизразување, „Танц-фест“ 2016, за првпат ја воведува наградата „Пеперуга“, која на отворениот ден, специјално жири ќе ја додели во неколку категории:
– Најдобар настап
– Најдобра кореографија
– Најдобра интерпретација
– Најдобар сценски израз
– Најдобар костим
На овој отворен ден, селектирани се повеќе студија од Македонија, кои го практикуваат танцот како алатка за комуникација и креативно изразување на децата и на младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.