Техничкиот министер за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски направи обид за предизвикување хаос пред депонирањето на условената оставка до Собранието.
Според информации на Пресс24, Спасовски донел 100 решенија за уназадување на раководители на организациони единици во сектори на МВР, а на нивно место унапредил други лица надвор од процедурите.
Според извори од МВР се работи за кадри блиски до СДСМ. До сега техничкиот министер има донесено околу 500 спорни решенија кои се незаконски.
За потсетување, Управниот суд, по поднесена жалба од заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков, ги стави вон сила односно изрекол времена мерка се до донесување конечна пресуда за сите 29 решенија кои ден пред Нова година ги донесе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Пет од поништените решенија се незаконските разрешувања на началниците на секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип и Охрид.
Управниот суд, со времена мерка, ги стави вон сила и решенијата на Спасовски со кои беа унапредени уште 17 лица.
Но, Спасовски одлучи уште на почетокот на годинава да го игнорира судот и неговите одлуки, по примерот на партискиот лидер Заев да не ги почитува институциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасовски: За повик на бојкот ќе се оди во затвор
-
МВР место да се фокусира за злоупотреба на службена должност, се грижи кој ги направил фотографиите
-
Спасовски се грижи дали го следат на социјалните мрежи, но не и за расветлувањето на убиството на Саздовски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалот царува по улиците, a Спасовски се прави слеп