| четврток, 6 декември 2018 |

Солзите на мајката на убиената пејачка: Кога го видела зетот му паднала на градите (видео)

Цел ден беше мирно пред куќата на Марјановиќи во Бора, но во еден момент излегол Зоран Марјановиќ. Тој влегол во автомобил и заминал да го види своето дете.

88868_capture-20160406-154913

Девојчето Јана (5) кое е сместено кај баба и, мајката на Јелена, на другиот крај на истата населба. Тоа беше првата средба по трагедијата поради тоа што Зоран поминал 48 часа на испрашување, од  каде е пуштен во вторник околу 19 часот.

88868_capture-20160406-154839

Полиција во цивилна облека стражари деноноќно пред куќата на Марјановиќ.

88868_capture-20160406-155013

Ќерката на Јелена постојано вреска :„Неее.. Мојата мајка не е мртва…Зошто сите зборувате дека ја убиле, сакам да ја видам, носете ме  кај неа“, одекнува во куќата на мајката на Јелена.

88803_1kcerka

-Јана знае дека мајка и ја нема но не го сфаќа тоа и кога се обидуваме да и објасниме таа постојано плаче и си ја бара мајка си. Не знаеме како да ја смириме, не оди во градинка не сака со никој да зборува само сака да дојде мајка и  да се играат , а кога ќе и кажеме дека нема да дојде почнува да вреска и да ја бара – раскажува низ солзи  роднината на Јелена.

88868_capture-20160406-154940

88803_capture-20160405-121413

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top