Саша Поповиќ во тајност посетил пластичен хирург, но за причините за операцијата не сака да зборува, а не сака ниту да се фотографира за медиумите иако е познат како некој кој обожува да позира пред објективите.
Н прославата на полнолетството на синот на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, директорот на гранд збеснал на фоторепортерите на кои во гнев и викал:„ Не ме фотографирајте. Го оперирав носот не сакам да ме фотографирате. Оставете ме на мира!“.
Саша не сакал да одговори дали е во прашање здравствена или естетска операција.
За разлика од Поповиќ неговата сопруга Сузана дала изјава за медиумите.
-Во прашање се здравствени причини. Саша не сака да се пишува за тоа, ниту пак сака околу тоа да се крева фама.. Се е во најдобар ред но не сакам да откривам за што точно се работи – изјавила Сузана за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.