Саша Ковачевиќ паднал во тешка депресија откако неговите родители соопштија дека се разведуваат. Таткото и мајката на популарниот музичар по неколку децении заеднички живот решиле да се разведат.
-Саша е многу чувствителен кога станува збор за неговото семејство, а разводот на неговите родители го доживеал како тежок бродолом падна во тешка депресија. Иако до последен момент тој и неговиот брат Раде имале надеж дека неговата мајка Милена и таткото Драган ќе ја пребродат кризата во бракот, тоа не се случило. Токму спротивно, Милена се иселила од нивниот семеен стан во белградската населба Земун и сега живее сама во Нов Белград во стан од два ката под дуплекс во кој живеат нејзините синови – открила блиска пријателка на поп пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.