| четврток, 6 декември 2018 |

Молотов коктел фрлен во тетовска обложилница

molotov koktel

Непознат пироман фрлил Молотов коктел во обложилницата „Моцарт“ во Тетово. Нема повредени, а штетата е 1.500 евра според првичната процена.
Според нивните информации, настанот се случил утринава околу 4.20 часот при што непознатиот го скршил стаклото на вратата и ја фрлил внатре експлозивната направа, која ја опожарила и исчадила внатрешноста на обложилницата уништувајќи дел од инвентарот.

Пожарот бил забележан од полициска патрола, по што на местото пристигнале и од Агенцијата за обезбедување, како и од противпожарната единица од Тетово, кои го изгаснале пожарот. Вработените велат дека целиот настан е снимен со безбедносните камери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top